ЕП го поддржа предлогот за раселување на 120.000 мигранти | Правдико

Правдико

   

ЕП го поддржа предлогот за раселување на 120.000 мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот Парламент денеска вонредно заседаваше во Брисел за да сe изјасни за предлогот на Европската комисија за раселување на 120.000 мигранти.

EU-335288

Предлогот беше поддржан со 372 гласа „за“, 134 беа против, а 52 европратеници беа воздржани.

Денешното гласање на европратениците има процедурален карактер и е неопходно пред новата вонредна средба на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи.

Откако ја доби „визата“ на европратениците, планот за раселување на ЕК може да влезе во сила, доколку биде поддржан и од Советот на ЕУ.

Според процедурата, Советот на ЕУ ги прифаќа квотите предложени од ЕК доколку за планот гласаат 16 од 28-те членки. Комисијата повеќепати појаснуваше дека има за цел постигнување едногласност, како и дека е подготвена да отстапи од своето инсистирање квотите да бидат задолжителни.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико