ЕП ќе разговара за проширувањето на Шенген и преговорите со Велика Британија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европскиот парламент на својата последна седница во 2017 година во Стразбур ќе разговара за пристапувањето на Бугарија, Романија и Хрватска во Шенген.
Програмата предвидува членовите на Европскиот парламент да расправаат за темата в среда.
Во пресрет на дебатата, европратеникот Сергеј Станишев изрази очекување дека трите земји ќе се приклучат на Шенген до крајот на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.
ЕП в среда ќе се произнесе и за постигнатиот договор меѓу Европската комисија и Лондон во преговорите за повлекување на Велика Британија. Се очекува пратениците да го потврдат постигнатиот напредок и да му препорачаат на Европскиот совет да го одобри започнувањето на трговските преговори со британските власти.
ЕП утре ќе се фокусира главно на теми поврзани со ситуацијата во Африка и Азија. Се планира да се разговара за усогласување со нуклеарниот договор со Иран, потоа, за одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја премести американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, како и за настаните во Авганистан и Либија.
ЕП ќе гласа за извештаите за европската надворешна и одбранбена политика, како и за извештајот за борбата против даночните измами.
Извор: Нова Македонија