ЕП со големо мнозинство повика на прием на Бугарија и Романија во Шенген | Правдико

Правдико

   

ЕП со големо мнозинство повика на прием на Бугарија и Романија во Шенген

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство поддржа нов повик за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген, јави БТА.

На гласањето во Стразбур присуствуваа 659 пратеници, од кои 514 го поддржаа документот, 107 беа против, а 38 воздржани.

ЕП повика во најкус можен рок Советот на ЕУ да донесе одлука за укинување на проверките на внатрешни копнени, морски и воздушни граници на Бугарија и Романија. Ова е петти повик на ЕП од 2011 година во оваа насока. Досега, Советот на ЕУ не ја постигна неопходната едногласност за двете земји да влезат во зоната без гранични контроли.

Во резолуцијата, изготвена од европратеникот Сергеј Станишев, се наведува дека одложувањето на одлуката предизвикува вештачки поделби во ЕУ и придонесува за пораст на популизмот и национализмот во цела Европа. За време на дискусијата за документот во ЕП синоќа немало претставник на Советот на ЕУ.

Извор: НОВАтв

Препорачуваме

Партнери на Правдико