ЕП со препораки за поефикасна борба против „фискалните раеви“ | Правдико

Правдико

   

ЕП со препораки за поефикасна борба против „фискалните раеви“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците на Европскиот парламент ги осудија сериозните пропусти на некои членки на ЕУ во борбата против фискалните измами, но се откажаа од барањето четири земји да се стават на црната листа на „фискални раеви“.

Европратениците, со големо мнозинство гласови, поддржаа повеќе препораки за поефикасна борба против „фискалните раеви“, што ги состави истражната комисија формирана за да го истражи скандалот со „Панамските документи“ од 2016 година за избегнување даноци.

Европскиот парламент повика на нови прописи за регулирање на посредниците, како што се адвокати и сметководители, како и мерки тие да се „тргнат од учество во измами и избегнување данок“.

Европратениците побараа и создавање инструменти за заштита и финансиска помош на „свиркачите“ и создавање постојана истражна комисија за „фискални раеви“, како што тоа го направи американскиот Конгрес.

Препораките ќе бидат проследени до Европската комисија и државите членки.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико