Правдико

   

„Епл“ казнет со половина милијарди долари поради соработка со словенечка фирма од црната листа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американскиот гигант „Епл“ треба да плати речиси половина милијарди долари пенали поради обвиненијата дека склучил договор со словенечката софтверска компанија АТР.СИС. ДОО, која, пак, беше снакционирана поради обвиненија за трговија со наркотици, наведува американското Министерство за финансии, пишува „Волстрит џурнал“.

„Епл“ ги прекршил американските санкции така што хостирал, продавал и ѝ олеснувал пренос на софтверски апликации на словенечката компанија, која била на црната листа.

„Во 2017 година откривме дека непромислено сме плаќале на компанија што е на црната листа“, изјавил портпаролот на „Епл“.

„Епл“ наводно во 2008 година склучил договор за развој на апликација со компанијата СИС ДОО, програмерска компанија со седиште во Словенија. Во февруари 2015 година Министерството за финансии на САД ја ставило компанијата на црната листа, а нејзиниот мнозински сопственик Саво Стјепанович наводно бил дел од меѓународна мрежа за трговија со дрога. Поради тоа, имототот на СИС и на Стјепанович биле блокирани, а на американските поединци и фирми им било забрането да соработуваат со нив. Во мај 2017 година компанијата и Стјепанович биле тргнати од црната листа.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико