Ердоган блиску до добивање на уште поголеми овластувања во Турција | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Ердоган блиску до добивање на уште поголеми овластувања во Турција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турската парламентарна комисија во петокот одобри сет амандмани на Уставот со кои се предвидува проширување на овластувањата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува АР.

redzep-taip-erdogan-1

Комисијата ги одобрила амандманите на седница која траела 17 часа, а со измените се предвидува дека претседателот, кој сега воглавно има церемонијална улога, ќе добие извршни овластувања, пренесуваат агенциите. Парламентот по измените најверојатно ќе се изјасни веќе следниот месец, а на пролет можно е и одржување на референдум.

Доколку амандманите бидат потврдени, на Ердоган најверојатно ќе му биде продолжен и мандатот. Уставната реформа во Турција ќе донесе структурни промени во безбедноста и правосудството, а предвидено е и воведување на кривична одговорност за претседателот, кој претходно имаше имунитет од сите кривични дела. Со измената Ердоган би можел да остане на власт до 2029-та година.

Кон почетокот на декември, турскиот вицепремиер Нуретин Џаникли рече дека Турција планира следната година во март да одржи референдум за уставните измени, потсетува АР. За секоја уставна измена потребна е поддршка од најмалку 330 пратеници, за таа да се најде и на референдум. Турскиот парламент има 550 пратеници, а владејачката партија во моментов има 316 пратеници.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико