Ердоган ги повика САД и Британија да ја укинат забраната за внесување лаптоп компјутери | Правдико

Правдико

   

Ердоган ги повика САД и Британија да ја укинат забраната за внесување лаптоп компјутери

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика САД и Британија да ја укинат забраната за внесување лаптоп компјутери и „таблети“, во авионите кои летаат од голем број аеродроми во земјите од Блискиот исток и северна Африка, вклучувајќи го и Истанбул, кон овие две држави.

„Се надевам дека овие држави, САД и Британија, ќе ја преиспитаат одлуката и ќе ја повлечат во најскоро можно време, рече Ердоган во интервју пренесено на националната телевизија, јавува AFP.

Администрцаијата на американскиот претседател Доналд Трамп потврди пред неколку дена дека ќе воведе нови забрани за користење електронски уреди за време на летови од 10 аеродроми од земјите на Блискиот исток и северна Африка како одговор на неспецифична терористичка закана.

Забраната за внесување електронски уреди се однесува на патници кои доаѓаат во САД од Јордан, Египет, Турција, Саудиска Арабија, Обединети Арпаски Емирати, Кувајт, Мароко и Катар.

Забраната се однесува на електронски уреди поголеми од мобилен телефон: таблети, преносни ДВД плејери, лаптоп компјутери и камери.

Забраната се однесува за аеродроми во Амам, Каиро, Кувајт, Доха, Дубаи, Истанбул, Абу Даби, Казабланка, Мароко, Ријад, Џеда и Саудиска Арабија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико