Ердоган ќе суди и македонски државјанин | Правдико

Правдико

   

Ердоган ќе суди и македонски државјанин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

df458dbe0c12f54d86e80d77e9234837Турската амбасада во Скопје тужи наш граѓанин со двојно државјанство зашто го навредил турскиот претседател

Турската амбасада во Скопје повела барање за судски процес од страна на јавниот обвинител против Е.А., македонски и турски државјанин, само затоа што на социјалните мрежи користел зборови што биле навредливи за Турција и за претседателот Реџеп Таип Ердоган. Откако побара „братската и пријателска македонска влада“ да затвора фирми, организации и училишта на Ѓулен, сега повикувајќи се повторно на добрите односи со нашиот државен врв, официјална Анкара бара да се суди наш граѓанин за нешто за што речиси не се водат судски спорови во нашата држава.

Во писмената изјава на амбасадата стои дека лицето користело израз кој е „саркастичен, навредлив и несоодветен“ и дека „со оглед на добрите билатерални односи, амбасадата препорачува надлежниот јавен обвинител на братската и пријателска Македонија да преземе неопходни мерки да го казни осомничениот“, како и сите оние што ќе ја навредуваат турската државна администрација низ социјалните мрежи.

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, нагласила дека амбасадата ќе го следи случајот преку својот адвокат многу внимателно со порака дека „соодветното лице ќе ја добие казната што ја заслужува и дека таа ќе биде предупредување што може да им се случи на оние кои се однесуваат на ваков нерегуларен начин“.

Оваа информација што денеска ја пренесе турската агенција Анадолија се совпадна со веста дека угостител во Турција бил уапсен, бидејќи изјавил дека ако дојде Ердоган нема да го послужи со чај, случај што го пренесе цел свет како куриозитетна вест. Ова барање до обвинителот, освен што го проблематизира пријателството меѓу Турција и Македонија, бидејќи станува оптоварено со многу барања и ги загрозува позициите на нашиот државен врв, покажува и со што се занимава турската амбасада во Македонија.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико