Ердоган: Турција подготвува нова револуција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живет во Европа да им одговорат на внуците нацисти, гласајќи „за“ на референдумот на 16-ти април, со што претседателот на државата ќе добие поголема моќ.
Ердоган ја поздрави мобилизацијата на Турците во Европа кои веќе почнаа да гласаат во турските конзулати. „Излезете во голем број на гласачките места, дадете им соодветен одговор на оние кои вршат притисок врз нас употребувајќи фашистички методи, на внуците на нацизмот”, рече тој.
Оваа изјава доаѓа по заострувањето на односите помеѓу Турција и ЕУ. Во последните недели повеќе европски држави им забранија на турските политичари да држат митинзи во Европа, пред се во Германија и Холандија. Ердоган во повеќе наврати рече дека овие одлуки се “нацистички”.
Извор: Макфакс