Ескалира состојбата во Гевгелија, настрада еден мигрант | Правдико

Правдико

   

Ескалира состојбата во Гевгелија, настрада еден мигрант

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еден мигрант е убиен од струен удар, а најмалку двајца се повредени во судир меѓу група мигранти на грчко-македонската граница.

Migranti-sss

Човекот за кого се верува дека е мароканец, загинал при електричен шок што настанал кога тој се искачил на автомобил паркиран под далековод со висок напон во близина на границата, соопшти портпаролот на грчката полиција.

Дел од мигрантите го спуштиле неговото тело и го покриле. Една група на мароканци го зела телото на настраданиот и тргнале накај границат, при што грчката полиција ги запрела со солзавец.

Тепачки помеѓу групите мигранти избиваат многу често, посебно помеѓу иранци и пакистанци од едната страна, и државјани на Авганистан од другата.

Мигрантите од земјите што не можат да влезат во Македонија, во знак на протест, од вчера поставија блоката на патот и спречуваат било кој да оди понатаму.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико