Правдико

   

ЕУ бара итни реформи во правосудството во Албанија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Зачестените случаи на корупција ја поттикнаа делегацијата на ЕУ во Албанија, уште еднаш да упати апел до албанскиот политички врв, што поитно да се донесат реформите во правосудството, јави дописникот на МИА од Тирана.

13052016103641_еу

– Кога една земја почнува преговори за членство, борбата против корупцијата е едно од прашањата кое прво треба да се третира. Тоа, исто така е и причина поради што комесарот Јоханес Хан изјави дека е многу значајно изгласувањето на реформите во правосудството да се случи пред лето, за да може ЕК да даде позитивна препорака за проширување на есен, изјави Јан Рудолф од делегацијата на ЕУ во Тирана.

Според тиранската телевизија Топ-чанел, која ја пренесува неговата изјава, секој втор албански граѓанин смета дека политичките функционери бараат мито, директно или индиректно. Што се однесува до довербата во антикорупциската политика на владата, таа достигна најниско ниво во последните 15 години.

– Речиси четири од пет албански граѓани не верува дека корупцијата може видно да се намали. Најкорумпирани, според албанските граѓани, се судиите, царинските функционери, носителите на јавни функции како и политичките лидери, јави телевизијата.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико