ЕУ бара мир – Украина брои 75 мртви | Правдико

Правдико

   

ЕУ бара мир – Украина брои 75 мртви

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

46999fc-3

Министрите на Европската унија се обидоа да посредуваат за политичко решение во Украина по крвавите битки меѓу полицијата и анти-владините демонстранти, чии исход е 75 жртви во два дена – најголемото насилство во земјата забележано во поново време.

Три часа жестоки борби на Киевскиот “Плоштад на Независноста”, кој беше одново превземен од страна на демонстрантите , ги остави телата на 20 цивили расфрлани на земјата на кратко растојание од каде што претседателот Виктор Јанукович имаше средба со делегацијата на ЕУ.

Министрите од Германија, Франција и Полска , тргнаа на ” една ноќ на тешки преговори ” со Јанукович и опозицијата  – изјавија официјални лица на ЕУ кои се надеваа дека планот за привремена влада и предвремени избори би можело да донесе мир.

Францускиот министер за надворешни работи изјави дека се уште не е постигнат договор за предложеното решение за олеснување на кризата , што еруптираше во Ноември кога Јанукович се откажа од предложениот трговски договор со Европската унија, и одлучи да се сврти кон Москва.

“Нема договор за сега, преговорите се многу тешки и ние работиме за да се постигне решение за мир “, изјави Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус за новинарите.

Тројцата министри , кои го продолжија нивниот престој во Киев до Петок , се во преговори со владата и опозицијата од Четвртокот наутро.

“Ние треба да се најде секој начин да се види како може да се стави нова влада во место, се размислува за избори и да видиме како можеме да стави крај на насилството , но во овој момент не постои решение”, изјави Фабиус .

Молотови коктели

Полицијата за спречување на безредијата беше уловена од камерите како пука со снајпери и други огнени оружја врз демонстрантите од покривите на околните згради на главниот плоштад, познат како Maidan . Демонстрантите фрлаа молотови коктели и камења за да го окупираат делот од плоштадот што полицијата успеа да го зароби во текот на борбите што започнаа два ден порано .

downloadМинистерството за здравство изјави дека 75 луѓе биле убиени од Вторник попладне, што значи барем 47 загинаа во судирите во Четвртокот. Ова е далеку најжестоко насилство откако Украина стана независна држава по распадот на Советскиот Сојуз пред 22 години .

Триото Министри за надворешни работи се сретнаа со Јанукович и опозицијата по постигнувањето согласност од страна на колегитеод ЕУ во Брисел, за воведување на санкции против Украина и изјавија дека ќе има уште поголеми последици доколку ситуацијата не се донесе под контрола.

Виталиј Кличко, лидерот на опозицијата , изјави дека се надева за постигнување на договор во текот на ноќта , но додаде дека нема јаснни резултати досега.

Во понатамошните дипломатски напори , американскиот претседател Барак Обама разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел , која дискутираше за прашањето за Украина со рускиот претседател Владимир Путин.

Путин истакна дека “ од критичната важност е итниот прекин на крвопролевањето , потребата да се преземат итни мерки за стабилизирање на ситуацијата и сузбивање на екстремистичките и терористички напади” – споделувајќи го мислењето на  Јанукович, дека тој се соочува со државен удар.

Белата куќа соопшти дека Обама и Меркел се согласиле дека е “критично” САД и ЕУ лидерите  “да останат во близок контакт во деновите што следат за чекорите што треба да се превземат за да го поддржат прекинот на насилството, и политичко решение што е во најдобар интерес за Украинскиот народ “. Претходно овој месец, протекоа озвучените дипломатски телефонски повици каде што е изложено несогласување за случајот со Украина помеѓу ЕУ и САД.

Планот на ЕУ ” нуди можност да се стави крај на насилството “, рече полскиот премиер Доналд Туск во Варшава , додавајќи дека Јанукович е подготвен да одржи предвремени избори за парламентот и претседателството.

“Паднати Другари”

20140220_ukraine3_53Во Киев, демонстрантите на Плоштадот на независноста одржаа бдение за паднатите другари, осветлено со екраните од мобилните телефони.

Медицинските лица ги носат жртвите на носила помеѓу редиците на демонстранти кои извикуваа “Херои , херои” за мртвите.

Иако вооружените милитанти на барикадите имаат тенденција да бидат од екстремно десничарската страна, опозицијата има широка поддршка. Но многу Украинци , исто така, стравуваат дека насилството може да излезе надвор од контрола:

” Овде брат со брат се бори “, рече Ирина , локална жителка  која што помага со донирање на шприцеви за трансфузија на крв на Плоштадот на независноста. “Ние треба да сме свесни дека сме сите еден народ. ”

Киевските жители празнат банкарски машини на пари и складираат намирници, а и многу од граѓаните се плашат да излезат на улиците.

Во индикација дека Јанукович ја губи поддршката во парламентот, собранието доцна во Четвртокот усвои резолуција во која бара властите да престанат со пукање , да се повлече полицијата од центарот на Киев и да се стави крај на акцијата против демонстрантите.

Министерот за внатрешни работи Виталиј Закхарченко, облечен во маскирна униформа имаше телевизиски изјава , на која соопшти  дека на полицијата им биле издадени борбени оружја и дека би ги користеле ” во согласност со законот” за да се бранат – или да ги ослободат 67 свои колеги кои неговото министерство изјави дека биле држени во заробеништво од страна на демонстрантите.

Демонстрантите изјавија дека на заробените полицајци им било дозволено да си заминат.

*Изјавите се дадени за Reuters

Препорачуваме

Партнери на Правдико