ЕУ бара Загреб да ги почитува трговските договори со западен Балкан | Правдико

Правдико

   

ЕУ бара Загреб да ги почитува трговските договори со западен Балкан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите страни треба да ги почитуваат обврски од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од западен Балкан, оцени Европската комисија во врска со трговскиот спор меѓу Хрватска и западнобалканските земји околу земјоделските производи.

– Европската комисија се уште не го добила писмото на министрите на четирите западнобалкански земји кои бараат Еврокомисијата да интервенира во нивниот трговски спор со Хрватска, меѓутоа ставот на ЕУ е дека сите страни треба да ги почитуваат обврски од договорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјите од регионот, соопшти д ипломатски извор од  Брисел.

Реакцијата на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора уследи откако хрватското Министерство за земјоделство минатиот месец воведе нов правилник со кој се зголемуваат фитосанитарните контроли на увезеното овошје и зеленчук од земји што не се членки на ЕУ и го зголеми надоместокот за инспекциски контроли од 90 на 2.000 куни (од 12 на 270 евра).

Министрите за земјодеслтво на четирите балкани земји вчера имаа средба во Сараево на која побараа Загреб под итно да го повлече овој правилник и да ги прилагоди своите цени за инспекциска контрола со просечната цена во земјите членки на ЕУ и апелираа до Унијата да се вклучи во надминувањето на спорот.

Четирите земји најавија и дека ако Загреб не ја повлече одлуката за 22-кратно зголемување на цените на инеспекциите, тие ќе преземат реципрочни мерки кон Хрватска.

Според дипломатскиот извор во седиштето на ЕУ, Европската комисија е во контакт со претставници на засегнатите страни во спорот и „моментно ја проценува новонастаната состојба“, проверувајќи дали новите хрватски мерки се во согласнот со обврските од договорите за стабилизација и асоцијација.

Истиот извор апелира до страните во спорот да манифестираат воздржаност и да избегнуваат „заострување на состојбата“.

Извор:Нова Македонија

Партнери на Правдико