Правдико

   

ЕУ-бирократите ја изгласаа цензурата на интернет

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одборот за законодавство на Европскиот парламент го изгласа новиот закон за авторски права кој може да го уништи интернетот, а најспорните делови во реформата на авторски права се член 11 и член 13, на кои се противеа дури и членовите на ЕП, пренесува порталот „Некст веб“.

Членот 11 ги опфаќа помошните авторски права и т.н. даноци на линкови, што значи дека која било страница што објавува исечоци од новинарски онлајн-содржини мора прво да добие лиценца од издавачот. Тоа се однесува на социјалните мрежи што со линковите објавуваат и слики и резимеа, но и на други интернет-страници, како агрегатори на вести, апликации за вести или страници за проверка на факти.

Член 13 т.н. машина за цензура ја пренесува одговорноста за контролирање на употребата на авторските содржини на индивидуални веб-страници воведувајќи ја идејата за автоматизиран филтер за содржини кој би забранил споделување на популарните мемиња, но и цитати од „Википедија“ и други работи што се вообичаен дел од интернет-комуникацијата.

На пример, страниците на кои корисниците испраќаат фотографии мора да ги скенираат сите тековни и идни фотографии и да проверат дали има кршење на авторските права. Тоа ќе важи и за музиката што ќе биде пуштена без авторски права на „Јутјуб“, што значително ќе ја измени работата на оваа видеоплатформа.

Член 13 не предвидува правни санкции за проблеми што може да произлезат од неуспехот на автоматските филтри, што го иницира прашањето како ќе се реши проблемот со неправилното отстранување содржини од интернет.

Оваа одлука не значи дека сè е готово и дека новиот закон ќе стапи во сила. Таа го потврдува ставот на ЕП за реформа на авторските права, но противниците на реформите може да побараат пленарна седница на која ќе бидат присутни и ќе гласаат сите 751 пратеник. Затоа веќе е почната кампања да се одржи ваква пленарна седница.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико