ЕУ да одговори на офанзивата во Украина | Правдико

Правдико

   

ЕУ да одговори на офанзивата во Украина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Брисел – Европската унија треба да испрати јасна порака ако про-руските сепаратисти во источна Украина започнат целосна воена офанзива, изјави шефот на германската дипломатија.

Frank-Walter Steinmeier

“Во случај на големи воени офанзиви, на пример со широк напад на Мариупол, потребна би била јасна реакција”, рече Франк-Валтер Штајнмаер во изјавата за новинарите за новинската агенција Ројтерс.

Германија и нејзините партнери во ЕУ ја отфрлија можноста за воен одговор на конфликтот, но претходно предложија проширување на санкциите против Русија.

Европските санкции против Русија, кои истекуваат во март, ќе бидат продолжени до септември, објави претходно вчера високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерико Могерини, по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Извор: B92

Препорачуваме

Партнери на Правдико