EУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија | Правдико

Правдико

   

EУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еврoпската Унија донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Веста на „Твитер“ ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја сподели веста на социјалните мрежи.

„Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. 🇲🇰🇪🇺 Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ. Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот“, напиша Заев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико