ЕУ ги повика партиите да овозможат избори без заплашување и насилство | Правдико

Правдико

   

ЕУ ги повика партиите да овозможат избори без заплашување и насилство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Локалните избори на 15 и 29 октомври се можност за граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина, се вели во заедничката изјава на делегацијата на Европската Унија и на амбасадите на земјите членки на ЕУ во пресрет на локалните избори.

„ЕУ ги охрабрува политичките лидери, нивните партии, како и релевантните фактори да го искористат изборниот процес за да ја потврдат и покажат својата посветеност на демократските вредности и владеење на правото“, се вели во изјавата.

Европските амбасадори ги повикуваат политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување избори, без заплашување и насилство.

„Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности и ресурси пред, за време и по изборите. Ги повикуваме медиумите да им обезбедат на граѓаните разновидно и објективно информирање, кое им е потребно за да донесат информирана одлука на денот на изборите. Ја подвлекуваме важноста од меѓународни набљудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ОДИХР. Секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини“, порачуваат ЕУ-амбасадорите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико