ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија уште шест месеци | Правдико

Правдико

   

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија уште шест месеци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската Унија денеска ги продолжи санкциите против Русија уште шест месеци.

Санкциите што се однесуваат на забрани за патувања и замрзнување имот на речиси 150 лица и 38 компании ќе бидат продолжени до 15 септември, соопшти Европскиот совет, а пренесува новинската агенција „Ројтерс“.

„Процената на ситуацијата не оправда промени во режимот на санкциите“, се наведува во соопштението на Советот.

Лицата кон кои се насочени санкциите се обвинети за акции што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, стои во соопштението.

ЕУ пред три години воведе санкции за Русија кога жителите на Крим гласаа на референдумот за спојување на полуостровот со Руската Федерација.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико