ЕУ го осуди изрекувањето на смртна казна за Морси
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Египет во саботата ги осуди соборениот исламистички претседател Морси, и повеќе од 100 обвинети со смртната казна поради бегство од затвор за време на револуцијата од 2011 година.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерико Могерини истакна дека Египет мора да ги гарантира правата на обвинетите на правично судење и независна истрага.
Могерини во соопштението наведе дека ЕУ верува дека оваа пресуда ќе биде преиначена по жалбата.
“ЕУ се противи на смртната казна без оглед на околностите. Смртната казна е сурова и нечовечка”, се вели во соопштението Могерини, за новинската агенција АФП.
И САД изразија силна загриженост во врска со смртната казна на Морси. “Постојано говоревме дека сме против практиката на масовни судења и пресуди кои се спроведуваат на начин кој е во спротивност со меѓународните обврски на Египет и владеењето на правото”, рече неименуван претставник на Стејт департментот, пренесува АФП.
Истакнувајќи дека се работи за прелиминарна одлука, властите изјавија: “Ние ја нагласуваме потребата за соодветен процес и индивидуални судења за сите во интерес на правдата”. Многу од луѓето кои беа осудени во саботата им беше судено во отсуство.
Судот ќе ја објави конечната одлука на 2 јуни, па според египетскиот закон, смртната пресуда ќе се достави до муфтија кој го толкува исламскиот закон за владата и донесува советодавна одлука.
Обвинетите имаат право на жалба дури и по препораките на муфтијата .
Морси, кој беше избран за претседател во 2012 година, бил на таа функција само една година пред војската го собори во јули 2013 година по барање на демонстрантите.