ЕУ го осуди извршувањето на седум смртни казни во Арканзас | Правдико

Правдико

   

ЕУ го осуди извршувањето на седум смртни казни во Арканзас

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската унија денес го осуди извршувањето на смртната казна за седум затвореници која треба да биде извршена во втората половина на април во Арканзас и побара од САД да ја преиначат смртната казна во казна за доживотен затвор.

“Го повикуваме гувернерот на Арканзас да ја смени казната и да ги поштеди затворениците од смртната казна”, изјави портпарол на ЕУ.

ЕУ се противи на смртната казна која “не спречува злосторства и претставува неприфатливо отфрлање на дигнитетот и интегритетот на човекот и не може да биде оправдана со ниту еден аргумент”, изјави тој во име на ЕУ.

Седумте егзекуции со инекција се програмирани помеѓу 17 и 27 април. Со ова Арканзас ќе го прекине мораториумот на егзекуции до кои се придружуваше од 2005 година.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико