ЕУ го откажува мини-самитот поради нападот во Анкара
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Брисел го откажа мини-самитот посветен на бегалската криза во Европа, поради бомбашкиот напад во Турција, јавува „ЕУ обсервер“.
Австрија требаше да биде домаќин на денешниот самит во Брисел, каде околу 10 лидери на ЕУ требаше да се обидат да ја убедат Турција да ги прифати мигрантите што Европа ќе ги одбие.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, исто така требаше да учествуваат на мини-самитот.
Турскиот премиер Ахмет Давитоглу го откажа учеството на самитот по вчерашниот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица, а 61 се повредени.
Австрија го откажа мини-самитот на кој требаше да учествуваат лидерите на Белгија, Франција, Финска, Грција, Германија, Луксембург, Холандија, Словенија и на Шведска.
Извор: Мета