ЕУ и САД барале името бргу да се реши, Коѕиас имал „нови и храбри“ иницијативи | Правдико

Правдико

   

ЕУ и САД барале името бргу да се реши, Коѕиас имал „нови и храбри“ иницијативи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, подготвува нови храбри потези и иницијативи во преговорите за решавање на спорот за името. Ова го тврди грчкиот весник „Етнос“, кој пишува дека Коѕиас имал подготвено план за напредок во преговорите од јуни, чие спроведување доцниело поради септемвриските парламентарни избори. Наводно, САД и Европската унија барале 20-годишниот спор да се реши во следните месеци, за Македонија да може да биде примена како членка на НАТО за време на Самитот на НАТО во Варшава идниот јули.

17040725216_5645d70637_k

Оценката е дека поради притисоците од американска и од европска страна, решавањето на спорот за името се враќа високо на агендата на грчката влада. Според „Етнос“, грчката страна поради ова планира да продолжи со спроведување на мерките за градење доверба, но и да се отвори за дискусија за нови идеи околу потенцијалното име во преговорите со македонската влада.

Причината за засилените притисоци кон Македонија и Грција за поскоро решавање на спорот, според весникот, се и актуелната бегалска криза и стравовите од можна дестабилизација на Македонија. Прогнозите се дека овие притисоци ќе се зголемат за време на посетата на американскиот државен секретар Џон Кери и на заменичката на државниот секретар, Викторија Нуланд, на Грција во текот на ноември.

Сепак, во анализата на ситуацијата, „Етнос“ објаснува дека Грција ќе се најде пред нова комплексна ситуација и нови замки. Како еден пример се посочува идејата на посредникот Метју Нимиц да се дозволи прием на Македонија во НАТО под привремената референца, со тоа што владата ќе треба да гарантира дека ќе го реши спорот за името до приемот во ЕУ. Една алтернатива на оваа идеја на Нимиц, наводно, е Македонија да влезе во НАТО со едно сложено име кое ќе биде за севкупна употреба, односно „ерга омнес“, кое би почнало да се употребува како уставно откако Македонија ќе стане дел од ЕУ.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико