ЕУ и САД ja повикаа Русија веднаш да ги ослободи приведените демонстранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.ЕУ ја повика Русија “веднаш да ги ослободи” оние кои во официјалното соопштение ги опиша како “мирни демонстранти”, кои вчера беа уапсени затоа што протестираа против корупцијата, која ја зафати целата земја, пренесе во понеделникот AFP
Водечкиот критичар на руската влада Алексеј Навални, кој најави дека ќе се кандидира за претседател на земјата во 2018 година беше еден од стотиците уапсени демонстранти во Москва, кои учествуваа на вчерашниот протестен марш, еден од најголемите што е организиран последниве години во престолнината.
„Во демонстрациите во Москва учествуваа над 7.000 лица, што е ретка мобилизација за недозволена манифестација“, истакна Франс прес.
САД, исто така, ги осудија апсењата на демонстрантите во Русија и ги нарекоа “навреда против демократските вредности”, соопшти БНР.
Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека САД се особено загрижени од притворот на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
Извор: Макфакс