ЕУ и соседните земји понудија помош за Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската унија синоќа искажа подготвеност да им помогне на македонските власти во справувањето со последиците од невремето во скопско и тетовско. Во овие тешки моменти, ЕУ е подготвена да им помогне на властите преку Механизмот за цивилна заштита на Унијата доколку таква помош е потребна, се наведува во соопштението од Делегацијата на Европската унија во Скопје.
ЕУ изразува најдлабоко сочуство на семејствата на оние кои ги изгубија своите сакани за време на поплавите и изразува надеж за брзо опоравување на сите повредени.
Претходно, помош понудија и Албанија, Црна Гора и Србија.
Извор: Радио слободна Европа