ЕУ ја повика Албанија да започне со судските реформи | Правдико

Правдико

   

ЕУ ја повика Албанија да започне со судските реформи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

23122016111020_web_albania_euЕвропската унија ги повика албанските власти веднаш да почнат со спроведување на реформите на судскиот систем во земјата.

Реакцијата на ЕУ уследи откако вчера Уставниот суд на Албанија го отфрли барањето на опозицијата за поништување на законот со кој се предвидува проверка на личното и професионалното минато на сите судии и обвинители.

Во соопштението на Мисијата на ЕУ во Тирана се повикуваат албанските власти „итно да започнат со проверка на судиите и обвинителите“.

Реформата на албанскиот судски ситем, која беше изработена со помош на експерти од ЕУ и САД, има за цел да обезбеди политичка незавиност на судиите и обвинителите и да ја искорени корупцијата во правосудството.

ЕУ најави дека сака да види конкретни резултати од рефромата пред да утврди датум за почеток на преговорите за членство на Албанија во Унијата.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико