ЕУ ја повика Грција да ги оспори неоснованите обвинувања за криење на податоци за јавниот долг | Правдико

Правдико

   

ЕУ ја повика Грција да ги оспори неоснованите обвинувања за криење на податоци за јавниот долг

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската унија (ЕУ) во средата ја повика Грција да ги оспори наводните неосновани обвинувања дека грчкиот статистички завод криел податоци околу јавниот долг, со што им помогнал на странските кредитори, пренесуваат светските агенции.

eu-grcija

Грчките политичари, вклучувајќи ги и оние од владејачката левичарска коалиција, тврдат дека поранешниот челник на грчкиот статистички завод, Елстата Андреас Георгиу можеби им помогнал на странските кредитори преку преувеличувањето на податоците за грчкиот јавен долг.

Против Георгиу во 2013-та година беше покренато обвинение во кое се тврди дека тој ги преувеличил бројките во податоците за грчкиот буџетски дефицит во 2009-та година, пренесува SEEbiz.

Случајот беше во мирување се додека Врховниот суд во првата половина на август повторно покрена истрага поради основано сомнение дека Георгиу манипулирал со податоците за јавниот долг. Тој ги отфрла обвинувањата, а минатата година си замина од челната функција во грчкиот статистички завод, на која беше пет години, во периодот додека должничката криза во Грција беше во својот врв.

Во случајот сега се вмеша и ЕУ, и тоа преку еврокомесарот за социјална политика, Маријан Тисен, во чија надлежност е и европскиот статистички завод. Наведувајќи дека не сака да се меша во работата на правосудството, Тисен порачала дека обвинувањата  против Георгиу се де факто неосновани, и додала дека грчката влада мора активно и јавно да ги оспори овие тврдења и да го заштити Георгиу и неговите вработени од можните последици.

Тисен потенцирала дека доколку грчката влада не го направи ова, тогаш и онака кревката веродостојност на грчката држава кај меѓународните кредитори ќе претрпи уште поголема штета.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико