Правдико

   

ЕУ ја предупредува Унгарија: Тоа што го правите е дискриминација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија преку писмо ја предупреди Унгарија за недозволена дискриминација на луѓето врз основа на националноста.

Ова дојде по информацијата дека Чесите, Словаците и Полјаците се изземени од новите мерки за забрана за влез во Унгарија.

„Загрижени сме бидејќи постои јасна индикација за дискриминација меѓу граѓаните на ЕУ. Ова не смее да се случи во рамките на правилата на ЕУ за слободно движење“, речено е во Европската комисија.

Денес, Унгарија еднострано ги затвори своите надворешни граници со цел да спречи нов бран на епидемија на коронавирусот.

Во исто време, во Брисел наведуваат дека Унгарија не ги информирала ниту земјите членки ниту Европската комисија за своите нови мерки на границите, иако минатиот петок бил одржан координативен состанок.

Комисијата повикува на формализирање на правилата на ЕУ за подобра координација и усогласување на мерките за контрола на границата меѓу земјите членки.

Се додава дека граѓаните мора да добијат јасни и сеопфатни информации за ограничувањата и мерките како што се забрани за влез, формулари за влез, но исто така и барања за тестови, самоизолација или карантин.

Во Брисел, тие го повторуваат ставот дека затворањето на границите не е ефикасна мерка за борба против пандемијата и наведуваат дека мерките за надворешните и внатрешните граници на ЕУ ќе бидат разгледани на состанокот на амбасадорите на ЕУ кои ќе се состанат на 2 септември во Брисел.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико