Правдико

   

ЕУ ќе бара отпечатоци од прсти доколку планирате престој подолг од 90 дена

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

0,,16453184_303,00Македонските граѓани кои ќе бараат престој во некоја од земјите членки на ЕУ подолг од 90 дена, освен редовните формулари започнувајќи од 25 септември 2014 година ќе треба да остават и отпечатоци од прстите како дополнителни биометриски податоци. Граѓаните кои веќе престојуваат во земјите на ЕУ со виза за подолг престој, како студенти, вработени и слично, нема потреба да се враќаат во матичната земја за да ги задоволат овие барања по стапувањето на оваа регулатива на сила. Меѓутоа, при обновувањето на визата и тие ќе треба да остават отпечатоци.

Од канцеларијата на Европската делегација во Скопје, појаснуваат дека ваквите промени не се поврзани со системот за визна либерализација туку истите се воведуваат во практиката на сите амбасади на земјите од Шенген зоната како резултат на ставањето во употреба на новиот Виза Информативен Систем (Visa Information System). Виза Информативниот Систем претставува централна база на податоци која што земјите од Шенген зоната ја користат заради размена на податоци за лицата кои што ги преминуваат границите, а се со цел да се олесни процесот на проверка на идентитетот на лицето и беспотребното задржување на границите. На ваков начин истовремено се подобрува безбедноста на граѓаните и борбата против прекуграничниот криминал, а граѓаните се заштитуваат од крадци на идентитети и фалсификување на патните исправи.

Европската агенција за оперативен менаџмент или позната какo eu-LISA која што ја обезбедува слободата, правдата и безбедноста на просторот на земјите на ЕУ и Шенген зоната е одговорна за воспоставувањето и успешното менаџирање со податоците од Визниот Информативен Систем, а истата претходно веќе ги има воспоставено двата ИТ системи: Shengen Information System (SIS) и Eurodac. Со податоците на граѓаните ќе се постапува строго доверливо при што ќе се почитуваат највисоките стандарди за безбедност и сигурност.

Од ваквото правило се иземаат:

– децата под 12-годишна возраст;

– лицата на кои што поради хендикеп не постои можност да им се земат податоци;

– претседателите на држави и влади, како и членовите на нивните делегации доколку се во официјална посета на некоја од земјите – членки на Шенген зоната на покана на владите на тие земји или меѓународни организации.

Секое лице може да бара увид во податоците кои се снимени во Визниот Информативен Систем, како и нивна промена и корекција, доколку се испостави дека истите се неточни или нецелосни.

Автор: м-р Лилјана Јоноски 

Извор:  http://www.eulisa.europa.eu/Newsroom/PressRelease/Pages/VIS-to-start-operations-in-the-Western-Balkans-and-Turkey.aspx

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико