ЕУ ќе ги засилува капацитетите за сајбербезбедност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската комисија денеска предложи два акциски плана за справување со влошената безбедносна состојба по руската инвазија врз Украина за да се засили компјутерската безбедност и да им се дозволи на вооружените сили побрзо и подобри да се движат преку границите.
Овие политики треба да ги засилат капацитетите за сајберодбрана на Европската унија (ЕУ) и да ја зајакнат координацијата и соработката меѓу воените и цивилни сајберзаедници.
„Војната се врати на нашите граници, а руската агресија против Украина го поткопува мирот и меѓународниот систем заснован на правила на светско ниво“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел на денешната прес-конференција.
Комисијата соопшти дека руските компјутерски напади во земји од ЕУ и нивните партнери биле повик за „будење“.
Извор: Радио слободна Европа