ЕУ ќе именува специјален пратеник во дијалогот меѓу Белград и Приштина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Брисел планира да именува висок специјален пратеник или претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, пренесува РТС повикувајќи се на приштински „Коха диторе“ и на неименувани дипломатски извори во ЕУ.
„Нема да биде доволно таа личност само да има контакт и пристап до Александар Вучиќ и Хашим Тачи, туку овој пратеник би требало сериозно да ги сфати и останатите актери на Косово, во Србија и во светот и да има политичка тежина“, вели изворот за весникот.
Некои дипломати сметаат дека тоа би требало да биде сериозна личност од висок политички профил и прифатлива за властите во Белград и Приштина, но и за Вашингтон, Њујорк, па дури и за Москва.
Извор: Макфакс