ЕУ обединета во борбата против сексуалната дискриминација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската унија ќе се обедини во борбата за елиминација на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во целиот свет, изјави вчера високиот претставник на ЕУ Федерико Могерини.
“Ние ќе продолжиме да се залагаме за почитување на човековите права на сите лица, без оглед на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во согласност со Насоките на ЕУ за правата на ЛГБТ заедницата”, рече Могерини, по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и би-фобија.
Спред нејзината изјава дијалогот со третите земји, активностите во рамките на мултилатерални форуми, јавните изјави и поддршка на граѓанското општество, ЕУ ќе даде целосна поддршка за борбата против дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ заедницата и активно промовирање на нивните права.
Во последниве години, во некои делови на светот, членовите на ЛГБТ заедницата направија значаен напредок во остварување на еднакви права. Во многу региони тие се сепак и понатаму жртви на дискриминација и насилство.
Сите човечки суштества се еднакви по достоинство и имаат право да ги уживаат правата предвидени во Универзалната декларација за човекови права, рече Могерини.