ЕУ парламентот бара повеќе права за патниците со авион | Правдико

Правдико

   

ЕУ парламентот бара повеќе права за патниците со авион

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ЕУ парламентот гласаше за повисоко обештетување на патниците при доцнење на авиони. Доколку авионот доцни три часа, патниците ќе треба да имаат право на обесштетување од најмалку 300 евра.

avionПатниците кои летаат со авион во иднина треба да добијат поголеми права во ЕУ и истите треба полесно да се спроведуваат. Ова е целта на одредбата, која ја усвои Европскиот парламент во прво читање. Барањата на парламентот се далеку повисоки од оние на Европската комисија во Брисел, кои според гледиштето на заштитниците на потрошувачите не ги подобрувале, туку значително ги скратувале правата на патниците.

Меѓу другото, Европскиот парламент ги одби како недоволни плановите на Европската комисија за обесштетување на патниците при доцнење. Пратениците освен тоа бараат патниците при директни летови во два правца да го задржат правото на повратен лет, иако не одлетале. Авионските компании би требало и да се обврзат брзо да ги информираат своите клиенти за причините за доцнењето или, доколку некој лет биде откажан, тие да одговорат во рок од два месеци на поплаките од патниците.

Со оваа одредба би требал да се подобри правилникот од 2004 година. Во него е содржано правото на обештетување при доцнење на авионите или доколку тие бидат откажани и биде загубен багаж. Меѓутоа, во пракса патниците вложуваат големи напори да го спроведат тоа право. За тоа Европскиот суд опомена во повеќе од 30 пресуди.

Предлогот ќе биде испратен до Советот на министри во кој се застапени сите 28 ЕУ-држави. Советот и Парламентот одлучуваат заеднички и притоа мораат да се спогодат на компромис.

Препорачуваме

Партнери на Правдико