ЕУ планира да прими 20 000 бегалци за две години | Правдико

Правдико

   

ЕУ планира да прими 20 000 бегалци за две години

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската комисија денеска предложи Европската унија да прими 20 000 бегалци во следните две години и да ги распредели низ Европа, но исто така предвиде можност Велика Британија, Ирска и Данска да не прифаќа ниеден бегалец , пренесува Радио Слободна Европа.

Италија и другите источноевропски земји побараа помош од ЕУ за да можат да се справат со големиот прилив на имигранти од Северна Африка кои се обидуваат да стигнат до Европа преку Медитеранот.

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер на Твитер напиша: “Ниту една земја не треба да биде оставенa самa да се справува со прашањата од големиот имигрантски притисок”.

Квотите ќе се организираат според големината на државата, економската состојба и други критериуми, Германија треба да прими најголем број на имигранти, заедно со Франција и Италија, под претпоставка Велика Британија да не учествува во овој проект на ЕУ.

Велика Британија, Данска и Ирска се ослободуваат за прашањата за азил, имиграција, визи и внатрешни гранични контроли врз основа на протоколот со кој ЕУ се согласи со Лисабонскиот договор.

Официјалниот предлог на Комисијата ќе биде доставен до владите на ЕУ до крајот на овој месец.

Препорачуваме

Партнери на Правдико