ЕУ планира враќање на Шенген зоната до ноември | Правдико

Правдико

   

ЕУ планира враќање на Шенген зоната до ноември

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sengenСо оглед дека Европа се соочува со најголемата бегалска криза после Втората светска војна , во планот на Европската комисија за “Шенген зоната” се потенцира дека целосната примена на оваа зона “е од суштинско значење за Европската унија како целина.”

Европската унија денеска ќе го објави “нацрт-план” за обнова на целосна имплементација на “Шенген зоната” за слободно движење, која моментално е блиску до колапс, а се должи на фактот дека некои земји, поради бегалската криза повторно воведоја гранични контроли, пренесува агенцијата Франс Прес, кои имаа пристап до документот .

Планот вклучува формирање на систем за итни случаи крајбрежната стража и зајакнување на надворешните граници на ЕУ на Грција, која е главната влезна точка за бегалци и емигранти во Европа, пренесува АФП.

По речиси две децении слободно патување во поголемиот дел од Европа, 26-членки на “Шенген зоната” се на работ на колапс, поради што некои членки имаат воведено еднострани гранични контроли за спречување на мигранти од Грција, за да стигнат до побогатите земји во северна Европа.

“Денес ќе го усвоиме нацрт план за тоа како да го вратиме назад Шенген системот “, изјави извор од Европската комисија.

Со оглед дека Европа се соочува со најтешкита бегалска криза по Втората светска војна, планот на ЕК наведува дека целосната имплементација на Шенгенската зона ” е од суштинско значење за Европската унија како целина.”

Ако ова пропадне и се воведат гранични контроли, “тоа ќе го означи рушење на централните столбови на обединувањето на ЕУ”, се вели во документот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико