ЕУ притиска БиХ да го смени Уставот | Правдико

Правдико

   

ЕУ притиска БиХ да го смени Уставот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eu2Европската унија уште еднаш инсистираше босанските лидери да ја укинат дискриминацијата од Уставот на земјата и да ја намалат бирократијата – двата основни проблема што својот почеток го имаат во Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната од 1992-1995 година, а кои сега му пречат на напредокот на Босна и Херцеговина во европската интеграција, пренесоа американските медиуми.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе пристигна во Сараево на разговари со босанските лидери, во ситуација на масовни протести против невработеноста, корупцијата и приватизацијата. Протестите траат веќе трета недела.

Демонстрантите инсистираат на формирање експертски Влади на десетте кантони во босанската Муслиманско-хрватска федерација и наново да се резгледаат приватизациските договори.

Осумдесет проценти од индустриските компании, продадени на приватни сопственици, на крајот банкротираа.

Според босанските медиуми, Филе, кој треба да се сретне со лидерите на седумте главни партии во Босна и Херцеговина, со нив нема да ги разгледува актуелните настани поврзани со протестите.

Главна тема на разговорите ќе биде примената на пресудата на Европскиот суд за правата на човекот, според која Босна треба да поднесе измени во Уставот и да им даде право на малцинствата да учествуваат во државните органи на власта.

Босанскиот Устав, составен во согласност со Дејтонскиот мировен договор, дава полни политички права само на трите конститутивни народи -Србите, Хррватите и муслиманите, кои единствени можат да учествуваат во претседателската институции (колективно тричлено Претседателство) и во Горниот дом на Парламентот.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико