ЕУ се уште се чуди како ќе се избира европската комисија | Правдико

Правдико

   

ЕУ се уште се чуди како ќе се избира европската комисија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во мај во членките на Европската Унија ќе се спроведат избори за Европскиот парламент и тоа се очекува да бидат првите избори што ќе го решат и изборот на претседателот на Европската комисија. Тоа е во согласност со Лисабонскиот договор и тоа би требало да значи – победа на директната демократија. Но, така е на хартија, а дали навистина тоа ќе се покаже и на дело е прашање за кое отворено се дебатира. Интернет-изданието на германски „Шпигел“ направи интервју со двајцата водечки кандидати за функцијата во Брисел, која сега ја има Жозе Мануел Баросо, при што и самиот новинар неколкупати постави прашања во насока дали претседателот на ЕK ќе се избере според словото на Лисабонскиот договор. „Дневник“ разговараше со повеќе европарламентарци на таа тема, а одговорот може да се заокружи како – очекуваме да биде така. Но, што е тоа што не може да се очекува? Дали натамошна доминација на извршната власт врз законодавците. што, секако, е најнепосакувана варијанта?

barleymont_726ap230910

Јункер и Шулц ги вкрстија копјата

Kопјата на европската политичка арена почнаа да ги кршат двата најсилни кандидата – Луксембуржанецот Жан Kлод Јункер, претставник на демохристијанската десница (ЕПП), и Германецот Мартин Шулц, претставник на социјалдемократите, кој е и актуелен претседател на Европскиот парламент. Ако некој сега би ставил облог кој ќе победи, најголеми шанси има Јункер, пред с`, затоа што конечно зад него застана и Ангела Меркел, откако му прости што едно време беше близок со поранешниот канцелар Герхард Шредер. Меѓутоа дилемите дали навистина Јункер ќе победи, се засилени со тоа што во Европскиот совет доминираат лидери што се социјалдемократи, а тоа би требало да значи дека токму Шулц е виден како иден претседател на ЕK. Меѓутоа Јункер не е Германец, а многу одамна (скоро 50 години) Шулц немал сонародник на таа функција во Брисел, а Луксембург претходно имал двајца шефови на ЕK. Вака поставени работите н` наведуваат на еден можен ќор-сокак при изборот на претседателот на ЕK. А, да не заборавиме дека има уште кандидати, на пример, еден Алексис Ципрас, кој повеќе сее страв отколку надеж во европските бизнис и политички кругови. И конечно, крајната десница, која дополнително ги мати предизборните европски изборни математики.

Европратеникот Паоло Ранжел неодамна во ЕП го претстави својот извештај во кој тој истакнува дека Европскиот совет – европските лидери на држави и влади – би требало да го почитуваат изборот на граѓаните кога ќе го предлагаат кандидатот за претседател на Kомисијата, кој треба да биде избран од Парламентот.

Што вели Лисабонскиот договор?

Во извештајот се додава дека и што е можно повеќе членови на Kомисијата треба да бидат избрани од европратениците.

– Предлозите што ги изнесов во мојот извештај имаат три цели: зајакнување на демократскиот легитимитет на Европската комисија, дека е соодветно поделена власта и да му се овозможи на Европскиот парламент во целост да го извршува својот надзор – изјави Ранжел за „Дневник“.

И сега повторно се поставува прашањето за изборот, зашто работата на ЕУ-лидерите е да го номинираат претседателот на ЕK, со што се остава настрана улогата на европарламентарците.

Во дуелот со Шулц на „Шпигел“, Јункер вели дека според Лисабонскиот договор (ратификуван во 2009), Европскиот совет мора да ги земе предвид резултатите од европските избори. Европските лидери, пак, мораат да направат консултации со ЕП, што е исто така истакнат во Договорот. Времињата кога националните лидери можеа да се договорат зад затворени врати помина – истакнува Јункер.

Но, дали е ова само предизборна реторика на Јункер, за кого постои политички договор постигнат зад затворени врати?

ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ИДНАТА ФОРМА НА УНИЈАТА

Што е битно за европските граѓани на мајските избори и по нив во смисла на осигурување директна демократија и подобар надзор над Европската комисија? Kоја ќе биде улогата на Европскиот парламент?

– Најважно од се е учеството на граѓаните на следните избори за Европскиот парламент. Тие можат да одлучат за идната форма на Унијата. Исто така имаме нови правила во интерес на демократијата и кои го зголемуваат легитимитетот, кои нема да функционираат без гласањето на граѓаните на денот на изборите. Kако единствено демократски избрана институција, ЕП има право на надзор и контрола на Kомисијата. Исто така, ЕП ќе има свој збор во формирањето на идната Kомисија. Парламентот евентуално ќе го избере претседателот на ЕK и ќе биде вклучен во номинирањто на членовите на Kомисијата. Уште повеќе, европските политички партии веќе ги предложија своите кандидати за претседател, па гласањето за политичка партија значи давање предност за еден од нив и за Европа каква што тие сакаат да се гради.

Има обвинувања дека трката за претседател на ЕK нема да биде фер и оти медиумите фаворизираат двајца кандидати, односно дека се водат валкани кампањи зад завесата. Има ли основа за ваквите тврдења?

-Правото на селекција и избор на претседателот на ЕK им припаѓа единствено на Европскиот совет и на ЕП. Иако медиумите играат важна улога во поттикнувањето жива јавна дебата за потенцијалните кандидати, одлуките им припаѓаат на двете институции одговорни да го почитуваат изборот и чиј интерес е да го селектираат најсоодветниот кандидат за таа висока позиција. Не треба да се заборави дека Советот и ЕП се тела од политичка природа, па природно е политиката да игра улога за време на процесот на селекција.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико