ЕУ внимателно ја следи „шпионската афера“ меѓу Белград и Загреб, очекува решавање на проблемот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската унија (ЕУ) внимателно ги следи најновите случувања помеѓу Белград и Загреб и очекува решавање на најновиот проблем кој настана поради апсењето на едно лице во Србија осомничено за шпионажа, изјавиле неименувани дипломати за српскиот весник „Данас“.
Доколку воопшто има реакција од Брисел, таа ќе може да се очекува дури кога ќе се располага со повеќе официјални и потврдени информации, што во моментов не е случај, пренесуваат српските медиуми.
Соговорниците на „Данас“ наведуваат дека Брисел од двете држави очекува сите отворени прашања да се решаваат низ конструктивен билатерален дијалог и со меѓусебно почитување, истовремено повторувајќи ја изјавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дека „добрососедските односи и регионалната соработка, како и помирувањето, се фундаментални принципи кои мораат да бидат почитувани“.
Инаку српското обвинителството викендов покрена истрага против, како што наведуваат белградските медиуми 57-годишниот Чедо Чоловиќ, кој е осомничен дека шпионирал во полза на Хрватска и е побарано да му биде одреден притвор. Станува збор за лице со двојно српско и хрватско државјанство по потекло од Дрниш во Далмација, кое како поранешен припадник на распаднатата Југословенска народна армија (ЈНА) потоа бил офицер на ткн војска на самопрогласената Република Српска Краина во текот на војната во Хрватска. Обвинителството наведе дека тој до првите 1990-те години живеел и работел во Хрватска, по што местото на престој му било во Србија.
Извор: Макфакс