Правдико

   

„ЕУ за тебе“: Новата кампања на Делегацијата на ЕУ во Македонија почнува од Кичево

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, денеска од Кичево ја почна кампањата насловена „ЕУ за тебе“, чија главан цел е, како што соопштуваат од делегацијата на ЕУ, да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта што ЕУ ѝ ја пружа на земјава.

Кампањата „ЕУ за тебе“ има тематски пристап и почнува со нагласувањето на важноста од одржување на чиста животна средина, како една од клучните политики на Европската Унија и приоритетни сектори и области во кои инвестира Унијата.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на прес-конференцијата во Кичево истакна дека вкупната помош на Евроската Унија во областа на животната средина, во рамките на претпристапните фондови од програмата ИПА1 (2007 – 2013 година) изнесувала повеќе од 80 милиони евра и дека во иднина, во рамките на следната финансиска програма ИПА2, е планирана понатамошна поддршка во износ од 100 милиони евра.

„Првата прес-конференција се одржа во Кичево, кое е едно од многуте гратчиња во земјата каде ЕУ обезбедува финансиска помош за решавање на еколошките предизвици. Во Кичево, ЕУ обезбеди финансиска помош од 5,2 милиони евра за изградба на централа за третман на отпадни води и колекторски систем од 4 километри. Овој проект беше спроведен во соработка со Министерството за животна средина и просторно пларнирање, со Општина Кичево и со Јавното комунално претпријатие, а неговата вкупна вредност е 7,5 милиони евра“, стои во соопштението од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Извор: Мета

Партнери на Правдико