ЕУФОР најави пристигнување на германски војници во БиХ | Правдико

Правдико

   

ЕУФОР најави пристигнување на германски војници во БиХ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со донесувањето овој закон ќе се усвои една системската рамка за развојна политика и хуманитарна помош, во која ќе можат да се вклучат сите органи на државната управа, државните органи, јавните претпријатија, јавните установи и единиците на локалната самоуправа, односно субјектите на меѓународна развојна хуманитарна помош во странство. Со законот ќе се воспостави институционалната рамка за планирање, координација и спроведување на меѓународната развојна соработка и хуманитарната помош во странство, ќе се утврдуваат надлежностите и соработката помеѓу институциите, финансирањето и спроведувањето на помошта, како и евидентирањето на помошта.

ЕУФОР го објави пристигнувањето на германски воен контингент во Босна и Херцеговина, со што бројот на земји кои учествуваат во мисијата ЕУФОР Алтеа ќе се зголеми на дваесет. Распоредувањето на контингентот, кое започнува во средината на август, ќе се спроведува етапно и ќе бидат распоредени најмногу педесет војници, соопшти ЕУФОР. Се додава дека новиот персонал ќе претставува дополнителен капацитет за ЕУФОР низ целата земја. Ваквиот ангажман, како што е посочено, е уште еден показател за посветеноста на ЕУ за стабилна, просперитетна и европска иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина.

Во јули германскиот Бундестаг одобри испраќање на 50 војници во мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина. „Предвидените задачи на војниците би вклучувале поддршка и координација на обуката на вооружените сили на БиХ, помагање за создавање безбедна средина и извршување командни, набљудувачки и поддршка на задачите. Мисијата е придонес за почитување на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година. “, стои во одлуката усвоена од Бундестагот.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико