ЕУЛЕКС ќе ги истражи тврдењата за поткуп на нејзини службеници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Мисијата на ЕУ во Косово, ЕУЛЕКС, ги истражува тврдењата дека некои нејзини службеници земале поткупи, за да ги отфрлат обвиненијата против лица на кои им било судено во Косово, објави приштинскиот весник „Коха диторе“.
ЕУЛЕКС денеска кусо одговори дека не може да зборува за актуелна истрага или за протечени документи, поврзани со неа, додавајќи дека „тврдењата ќе го добијат потребниот одговор“.
ЕУЛЕКС е најголемата и најскапата странска мисија на ЕУ. Таа се занимава главно со случаите на организиран криминал, корупција и воени злосторства во Косово, што се сметаат за пресериозни за да им се доверат на локалните обвинители и судии. Освен тоа, мисијата им помага на локалните власти во обуката на кадри и во зголемувањето на професионализмот и независноста на правосудството.
Тврдењата за корупција во ЕУЛЕКС се појавија денеска во водечкиот приштински дневен весник „Коха диторе“. Цитирајќи определени документи, весникот пишува дека едно од стопираните дела, во кои биле вмешани високи косовски службеници, се однесувало на убиство, а други две на корупција.
Извор од ЕУЛЕКС изјавил дека овие тврдења „веќе и биле познати на Мисијата“ и протекле од обвинител на ЕУЛЕКС, кој веќе е отстранет од должноста поради „објавување на документите“.
Косово е под контролата на ОН од 1999 година, откако НАТО ја бомбардираше Србија за да го прекине вооружениот конфликт во покраината. Во 2008 година ЕУЛЕКС од ОН ја презеде контролата врз судските предмети.
Извор: Нова Македонија