ЕУЛЕКС ќе отпушти 800 вработени | Правдико

Правдико

   

ЕУЛЕКС ќе отпушти 800 вработени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eulex-kosovo.eu_906545Косовските медиуми јавија денеска дека до крајот на оваа година мисијата на ЕУ во Косово – ЕУЛЕКС, ќе го намали бројот на вработени за 800 лица.

Одлуката за намалување на бројот на вработени доаѓа по продолжението на мандатот на Мисијата до јуни 2018 година, која предвидува процес на реконфигурација.

Портпаролката на ЕУ за надворешна политика и безбедност Маја Коцијанчиќ изјави дека Мисијата планира реконфигурацијата да ја спроведе до крајот на годинава.

– ЕУЛЕКС ќе има вкупно 800 вработени, што е половина помалку од бројот на лица што беа ангажирани во претходниот мандат – изјави Коцијанчиќ и додаде дека отпуштањето се однесува за луѓе од Косово и од странство.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико