Правдико

   

ЕВН: Евтината тарифа воведена во сите домаќинства

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека е завршена имплементацијата на дневната евтина тарифа за сите достапни броила.

Оттаму велат дека, во согласност планот, приспособувањето на броилата се спроведувало во период од четири отчитувачки недели почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое приспособено броило се покажува Т2-индикатор во периодот од 14 до 16 часот секој работен ден и сабота.

„И покрај тоа што нашите тимови ги посетиле сите мерни места, потребата од физички контакт на тимовите со броилата го оневозможи спроведувањето на дневната евтина тарифа за недостапните броила. Ова значи дека броилата до кои немавме пристап сè уште не се приспособени, а тоа се најчесто викендички или моментно иселени корисници. „ЕВН Македонија“ во наредните недели ќе продолжи со приспособување на преостанатите броила кои беа недостапни како дополнителен план за спроведување на дневната евтина тарифа“, велат од компанијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико