Евроинтеграциите на дневен ред на седница на Владата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата со почеток во 12 часот ќе ја одржи дванаесеттата седница. Согласно предложениот дневен ред, Владата ќе расправа за состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција, за користењето и имплементација на фондовите од ЕУ, како и за статусот на реализација на приоритетите на земјава за влез во НАТО и за статусот на реализација на Рамковниот договор.
Владата ќе разгледа и ќе се произнесе и по повеќе точки, меѓу кои и за потребата за изменување на Националната стратегија и Акцискиот план за борба против тероризам.
„На денешната седница Владата ќе го отвори и прашањето за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа. На дневниот ред на денешната седница се и некои кадровски прашања, како и други прашања и предлози од интерес на граѓаните“, се вели во соопштението.
Извор: Макфакс