Еврокомесарот Хан во посета на Македонија | Правдико

Правдико

   

Еврокомесарот Хан во посета на Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Јоханес Хан денеска во Скопје ќе учествува на високиот политички дијалог меѓу Европската комисија и македонската влада.

bb9e9504d33b

Пред доаѓањето тој го поздрави именувањето специјален обвинител во рокот предвиден со Договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија.

Тој исто така соопшти дека Европската комисија решила да обезбеди финансиска помош за земјите од Западен Балкан во справувањето со бегалската криза.

„Немаме интерес од дополнителна нестабилност. Политичкиот договор во Скопје гледаме дека се имплементира, а Србија прави добар прогрес на патот кон ЕУ и не смееме да ги ограничиме. Земјите од Западен Балкан не смее да станат паркинг или ничија земја за бегалците. Тоа би било геостратешка грешка.

Токму затоа, за помош во миграциски акции во овие земји, со цел градење прифатни центри и друго, Србија ќе добие 45 милиони евра, а Македонија 24 милиони евра, па ако е потребно, подготвени сме да обезбедиме дополнителни пари“, изјави Хан.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико