Еврокомисија: Турција се уште не ги исполни сите критериуми за укинување на визите | Правдико

Правдико

   

Еврокомисија: Турција се уште не ги исполни сите критериуми за укинување на визите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турција постигна напредок во изминатите седмици, но се уште не ги исполни сите неопходни критериуми за да бидат укинати визите за турските државјани кога патуваат во земјите од Шенген зоната, се наведува во денеска објавениот извештај на Европската комисија.

European_Commission.svg

– После претходниот извештај, објавен во мај, напредокот продолжи, но Турција треба да ги исполни преостанатите критериуми, потенцираше еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос.

Турција сметаше дека безвизен режим ќе добие од први јули 2016 година согласно договорот со ЕУ за ограничување на миграцискиот бран кој оди од турска територија кон земјите на Унијата. Но Брисел настојува дека претходно Анкара треба да ги исполни сите 72 барања на ЕУ, вклучувајќи и олеснување на Законот за борба против тероризмот. Според Брисел, овој закон на Владата и на специјалните служби им дава прекумерни овластувања со што се нарушуваат основните слободи на граѓаните, потсетува ТАСС.

Генерално според оценката на Европската комисија спроведувањето на договорот за миграција е успешно. Комисијата посочи дека значително е намален бројот на мигранти кои и легално пристигнале во Европа преку Егејското море.

– Понатамошниот тек на реализација на овој договор зависи од политичката волја на сите засегнати страни, изјави заменикот претседател на ЕК, Франс Тимерманс.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико