Правдико

   

Европарламентот повторно го одложи усвојувањето на резолуцијата за Македонија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европскиот парламент повторно го одложи усвојувањето на Резолуцијата за Република Македонија, а која се однесува на прогрес-извештајот на Европската комисија за нашата земја за 2016 година. Како што потврдија од Европарламентот, јави дописникот на МИА, ниту неделава на пленарната седница во францускиот град нема да се гласа за Резолуцијата за Македонија, но и за Србија, Косово и Албанија, како останати земји од процесот на проширување.

Причината за новото одложување, на Резолуцијата која требаше да биде донесена уште во март оваа година, се зборува дека е се уште несредената политичка состојба во сите овие земји. Имено, во Македонија веќе шест месеци нема создадено Влада и политичката криза се уште трае и покрај мирниот изборен ден на 11 декември минатата година. На Косово, пак, минатата недела дојде до политичка криза откако претседателот Хашим Тачи го распушт парламентот и за 11 јуни закажа предвремени парламентарни избори, додека во Албанија веќе има силна политичката криза и извесно е дека претстојните редови избори закажани за 18 јуни ќе се одржат без учество на опозицијата.

Како што е познато, во февруари оваа година, Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот со убедливо мнозинство ја усвои Резолуцијата за Македонија, која сега очекува потврда на пленарна седница на ЕП, во која ќе ја потврди условената препорака за отворање на преговорите за членство на македонската држава во Европската унија.

Извор:Утрински весник

Партнери на Правдико