Европејците протестираа против економската зона со САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Десетици илјади луѓе во Германија, Велика Британија, Шпанија и Полска протестираа против договорот за слободна трговија меѓу САД и Европската унија.
Повеќе десетици илјади луѓе во Германија, Велика Британија, Шпанија и Полска во саботата протестираа против намерите да биде склучен договорот за слободна трговија меѓу САД и Европската унија (ТТИП).
Трговската спогодба меѓу САД и ЕУ треба да доведе до намалување на тарифите и да ги отстрани регулаторните бариери во бизнисите меѓу ЕУ и САД. Договорот ТТИП претпоставува создавање слободна трговска зона со потрошувачки пазар од околу 820 милиони луѓе. Покрај САД и ЕУ, во проектот се вклучени и: Канада, Мексико, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд, како и земји-кандидати за членки во ЕУ.
Британската конзервативна влада верува дека потпишувањето на договорот ќе ги зголеми приходите на националната економија за 10 милијарди фунти годишно, американската економија би имала зголемувања од 809 милијарди фунти, додека економијата на ЕУ, како целина, 100 милијарди фунти.
Противниците на овој договор, пак, тврдат дека тој е направен единствено во полза на мултинационалните компании, кои се борат за контрола на пазарите и за ослабување на регулаторните прописи во Европа. Според противниците, со него ќе се намалат и квалитетот на храната, работничките права и стандардите за заштита на животната средина. Договорот треба да биде изработен во текот на 2015 година, по што во текот на следната половина година треба да биде одобрен од Европскиот парламент и ратификуван од националните парламенти на 28-те земји-членки.
Отпорот против договорот со САД е најсилен во Германија каде што американскиот имиџ беше сериозно нарушен по шпионскиот скандал во кој беше инволвирана и канцеларката Ангела Меркел, но и поради доминацијата во дигиталните индустрии на гигантите како „Гугл“.
Едно неодамнешно испитување на јавното мнение покажа дека 43 отсто од Германците се убедени дека Договорот ќе биде негативен за нивната земја, додека само 26 отсто го сметаат за позитивен.
Повеќето Германци тврдат дека договорот ќе ги намали стандардите во социјалната, правната и еколошката сфера и сметаат дека главна цел на договорот е да им го олесни пристапот на американските компании и нивните производи на европските пазари. Германската влада на канцеларката Ангела Меркел се залага за што поскоро ратификување на ТТИП, кој ќе осигури меѓу 200 и 400 илјади нови работни места во Германија и раст на тамошното производство.
Извор: Утрински Весник