Европол и ГЦА и формално против кибер криминалот | Правдико

Правдико

   

Европол и ГЦА и формално против кибер криминалот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската полициска служба (Европол) и Глобалната кибер алијанса (ГЦА) денеска потпишаа спогодба за разбирање, која подразбира соработка за намалување на системскиот кибер ризик и подобрување на Интернет безбедноста во цела Европа и пошироко.

Во соопштението на Европол се наведува дека спогодбата подразбира заедничка борба против кибер криминалот, размена на информации за најновите кибер трендови, како и заеднички меѓународни проекти, кои би требало да придонесат за безбедноста.

По потпишувањето на спогодбата директорот на Европол Роб Вајнрајт нагласи дека кибер криминалот и интернет безбедноста се мултидисциплинарни прашања, а клучното орудие во борбата против кибер криминалот мора да биде развиено така што „криминалците ќе ги држи на страна“.

Според него тоа е уште поважно ако се земат предвид другите области на криминалот, како тероризмот и трговијата со луѓе.

– Потпишувањето на спогодбата со организација како ГЦА, која е основана со цел да се спротивстави, да решава и да спречува кибер активности е во согласност со приоритетите на Европол, рече Вајнрајт.

Претседателот на ГЦА Фил Рајтингер додаде дека денес светот е бомбардиран со медиумски извештаи за кибер нападите и штетите, кои ги загрозуваат чувствителните информации или ја нарушуваат инфрастуктурата.

– Соработката ќе биде фокусирана на исходот, кој треба да придонесе за намалување на системскиот кибер ризик во Европа и ширум планетата, истакна тој.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико