Европол откри шверц со коњско месо, уапсени 65 лица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Европската полициска агенција Европол соопшти денеска дека открила голема мрежа за шверц на коњско месо по истрагата спроведена во Шпанија, во која биле вклучени и осум други земји, при што организаторот бил уапсен во Белгија.
Уапсени се 65 лица против кои се поднесени кривични пријави за злоупотреба на животни, за лажни производи, за перење пари и за членство во криминална група, се вели во соопштението од Европол.
Истрагата започнла во 2016 година во Шпанија по откривањето на сомнителни активности на пазарот со коњско месо. Шпанската полиција ја започнала операцијата во април против шверцот со коњско месо кое не е за исхрана на луѓето.
Весникот “Паис” пренесе дека специјалната операција посебно се однесувала на холандскиот брокер Јан Хасен , кој е под истрага во Франција поради скандал со продажба на замрзнати лазања со мелено коњ месо кое не е за исхрана на луѓето. Оваа афера погоди неколку европски земји во 2013 година.
Европол денеска изјави дека приведениот холандскиот бизнисмен е поврзан со друг Холанѓанец кој е уапсен во Белгија, за кој се верува дека бил организатор на шверцот.
Извор:Макфакс