Европол: Речиси 30.000 потенцијални терористи во Европа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Директорот на Европол Роб Вајнрајт, изјави во Софија дека околу 800 луѓе од Западен Балкан се бореле на страната на Исламската држава во Сирија и Ирак и предупреди дека речиси 30.000 потенцијални терористи се наоѓаат во Европа.
Вајнрајт на отворањето на состанокот на Европол, кој се одржува во рамките на бугарското претседавање со Советот на ЕУ, предупеди дека на Бугарија и на сите други европски земји им се заканува тероризам.
Според него, главните закани за Европа се експанзијата на терористичките активности и сајбер-заканите, но и криминалните групи што постојат во некои држави.
„Се надевам дека ќе се намалт заканите, но во многу земји радикализираните групи прилично се активни и ние ги зајакнавме капацитетите и им отежнавме на терористите да ги извршуваат своите активности“, нагласи Вајнрајт.
Европол минатата година спроведе околу 1.600 акции.
Извор: Макфакс